На 16.01.2024 година во 00.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека жена од Охрид во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг.
По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катарстарска парцела на улицата „Охридска бригада“ во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседува правосилно одобрение за градба издадено од надлежен Државен орган, извршил доградба на индивидуална семејна куќа, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews