На 30.10.2026 во 14.30 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 39-годишно лице од Струга кој претходно, кај месноста „Мечкина дупка“ во близина на Охрид е затекнат како запалил оган и горел гуми и пластични предмети од кои вадел бакарни жици.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 29.10.2026 година во 19.45 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 47-годишно лице од Охрид.
Тој во семејниот дом бил агресивен кон членови на семејството и се обидел да ја нападне сопругата. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












