На 04.10.2025 во 13:30 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, врз основа на локален распис лишен од слобода бил 33-годишен охриѓанец.
Тој, на 03.10.2025 во СВР Охрид беше пријавен дека, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 и физички нападнал 25-годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 04.10.2025 во 19 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, лишен од слобода бил 53-годишен жител на струшкото село Велешта.
Претходно тој бил пријавен дека на истата улица, пресретнал 50-годишен стружанец и откако започнал вербална расправија, се обидел да го нападне со нож. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Синоќа околу 22:00 часот, во близина на депонијата за отпад во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода лишиле 58-годишен жител на Прилеп.
Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.