На 26.10.2026 во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, жена физички нападнала друга 59-годишна жена, двете од Охрид.

Нападната жена се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против жената која ја нападнала другата жена ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 31.07.2025, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршија контрола во угостителски објект на улица „Наум Охридски“ во Охрид, при што кај пријавениот пронајдоа и одземаа кокаин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје. Малолетничката е предадено на претставници на Центарот за социјални работи од Струга за натамошна постапка, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews