Утрово, во 03.30 часот, во СВР Охрид бил пријавен пожар во викенд куќа во населбата „Далјан“, сопственост на лице од Скопје. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот се појавил во оџакот при што изгорела кровната конструкција. Интервенирала Противпожарната единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Оттаму, информираат за уште еден настан што се случил вчера, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, во Охрид, по случена сообраќајна незгода, кога бил нарушен јавниот ред и мир со карање, викање и агресивно однесување помеѓу две лица од охридското село Мешеишта и лице од Охрид. Нарушителите се приведени во СВР Охрид, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












