Четириесетгодишна жителка на селото Ботун, општина Дебрца, викендов во СВР Охрид пријавила опожарување на нејзиниот автомобил „Мерцедес“, кој бил паркиран на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Повредени лица нема а се преземаат мерки за расветлување на настанот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Вчера во 12,30 часот, во работилница лоцирана на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со вербална караница помеѓу тројца возрасни охриѓани. Притоа 64 годишен маж со метален предмет нападнал една година помлад сограѓанин, кој бил пренесен во „Општа болница“ во Охрид.
По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, најави портпаролот Димовски.
OhridNews












