Продолжениот празничен викенд донесе бројни проблеми и нарушувања на јавниот ред и мир.

На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 73-годишен жител на Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон 51-годишен жител на Скопје, кој престојувал во истата зграда.

Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“ , куршуми и резервни делови. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Ноќеска во 03:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, едно лице со закани со остар предмет побарало од 15- годишник од Скопје да му даде пари, по што физички нападналжител на од Скопје, кој бил заедно со 15-годишникот.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Рано утрово во 05:00 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведени биле две лица на возраст на 27 и 23 години дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.08.2026 во 10:45 часот во Охрид, од страна на полициски службеници од СВР Охрид од слобода е лишен 48-годишен маж од Охрид затоа што во деловно-продажна просторија од куќата физички ја нападнал неговата сопруга, која пак претходно физички ја нападнала вработената во објектот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското село Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38-годишен жител на Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на голфот и сопатникот (62) од селото Другово, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека сопатничка во возилото „голф“ (66) од с. Другово и сопатничката во возилото „пежо“ (21) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото на несреќата изврши екипа од ОВР Кичево.

OhridNews