И овој викенд полицијата со полни раце работа.
Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти СВР Охрид.
Ноќеска во два одделни случаи полицијата лишила од слобода две лица.
Кај 38-годишно лице од охридско Лескоец пред ноќен клуб била пронајдена опаковка со бела грутчеста материја додека во неговото возило пронајдена е опојна дрога марихуана. Истата вечет на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода лишиле уште едно 38-годишно лице од Охрид. При извршен преглед во неговото возило пронајдена била опојна дрога марихуана.
Дрогата е одземена а по целосно документирање на настаните, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во билтенот се регистрирани и две тепачки. Едната на улица во Струга, а другата пред продажен објект во струшкото село Октиси.
Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава, СВР Охрид.
Ohridnews