Ноќеска во 01:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во автокамп на охридското крајбрежје привеле 46-годишно лице од охридското село Пештани.
При преглед кај него пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското Езеро во близина на кеј „Македонија“, пронајдена е неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, соопшти Димоски.
Во Првата светска војна покрај Охридското Езеро и планината Галичица се протегала линијата на фронтот, а дел од воениот арсенал бил оставен во езерските води и планинските предели. Во неколку наврати беа спроведени акции за отстранување на неексплодирани воени средства кои се уште ги има во Охридскиот регион.
OhridNews











