На 18 јуни полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода едно лице на возраст од 62 и две на возраст од 49 години, сите од Охрид.
Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, 62 годишното лице физички, а потоа и со метален предмет го нападнал едно од 49 годишните лица, по што од пиштол испукал еден куршум. Повредени лица нема, а по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18 јуни во периодот од 15.00 до 21.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 57 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Од нив 15 во Охрид, 18 во Струга и 24 во Кичево, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews