СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе известување против 17 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

Тој, на 13.05.2022 година на плоштад „Крушевска Република“ во Охрид физички нападнал малолетник нанесувајќи му тешки телесни повреди, информира порпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На 27.06.2022 година пред хотелски објект лоциран на регионалниот пат Охрид-Св.наум, нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување од С.С. и Р.М.К., кон Б.М.(83), В.С.(50) и Д.Д.(51), сите од Скопје. По целосно документирање, против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.

OhridNews