На 18.09.2026 во 19:50 часот, на кружниот тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, лишено од слобода е 41-годишно лице од Охрид, кој управувајќи патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, удрил во лице од с. Лешани, општина Дебрца.
По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18.09.2026 во 20:00 часот, во СВР Охрид приведено е 28-годишно лице од Охрид, по претходна пријава дека на кружен тек од булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, со метален предмет нападнал 38-годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 20:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ” во Охрид, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 28-годишно лице, двајцата од Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.09.2026 во 17:55 часот на магистралниот пат Охрид- Кичево, кај месноста „Петља“, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода лишија 43-годишно лице од Охрид.
При преглед во неговиот автомобил „ауди“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2026 во 08:46 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на бензинска станица на магистралниот пат Охрид-Струга, настанал дефект на вентил за плин, по што настанало истекување на плинот.
По налог на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски и екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, при што е констатирано дека испарувањето на плинот било преку проточен вентил од просторот на оградените инсталации за течен нафтен гас од вкопана цистерна. По интервенција на овластен сервисер, безбедно бил извршено поставување на нов сет опрема .
На 19.09.2026 во 03:50 часот во струшко село, приведено е 44-годишно лице, по претходна пријава дека заедно со уште еден член на семејството, физички ја нападнале неговата сопруга.
Исто така, лицето се однесувало агресивно кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












