На 26.11.2025 во 02:45 часот, на улицата „Миќо Гилиќ“ во Охрид, лишено од слобода е 29-годишно лице од Охрид.
Тој бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.
На 24.11.2025 во 20:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 41-годишна жена од едно струшко село, физички го нападнала нејзиниот сопруг.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.11.2025 во 13:15 часот, на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 57-годишно лице од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од 65-годишно лице од селото Враништа, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. На местото, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга; додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













