На 11.08.2022 во 12.20 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во Охрид на кружен тек помеѓу ул. „7-ми Ноември“ и бул. „Македонски Просветители“ 32 годишно лице од Охрид управувајќи велосипед паднал на коловозот, информираат од СВР Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во болницата “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 11.08.2022 година во СВР Охрид, пријавено е дека, на локален пат во охридското село Горно Коњско, излетало возило Т3 трактор, при што, повредени се две лица.

Од извршениот увид, констатирано е дека возачот, 25 годишно лице од Холандија, изгубил контрола, удрил во дрво по што, возилото се превртело. Возачот и 22 годишниот сопатник, од Холандија, со возило на Итната медицинска помош, се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде им се констатирани тешки телесни повреди.

СВР Охрид, поднесе кривична пријава против 55 годишно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 14.06.2022 година, по објавен текст на интернет социјална мрежа, постирал коментар со кој промовирал и поттикнал омраза и насилство против одредена група граѓани, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews