На 04.10.2026 во 22:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во авто-камп на крајбрежјето на Охридско Езеро настанал пожар во камп приколка сопственост на 44-годишно лице од Скопје.
При обид за гаснење со противпожарни апарати, со повреди се здобиле лице од Охрид и лице од Битола, кои се пренесени во Општа болница во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 05.10.2026 во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 76-годишно лице од Охрид.
Тој претходно во семејниот дом, физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол. При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид го пронајдоа и одзедоа пиштолот и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2026 во 17:35 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 19-годишно лице.
Тој преку социјални мрежи упатувал закани кон полициски службеник, а потоа го оштетил и неговото патничко моторно возило. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.10.2026 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 65-годишен српски државјанин.
При контрола во патниот сообраќај на регионалниот пат Охрид-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и притоа констатирале дека тој не поседувал возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












