На 12.11.2026 во 18:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на 41 и 52-годишни лица од охридското село Долно Коњско.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 12.11.2026 во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешен комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Струга и велосипед управуван од 73-годишната жена од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

На 13.11.2026 во 00:52 часот на магистралниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга, полициски службеници лишија од слобода 20-годишно лице од струшкото село Драслајца.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и притоа констатирале дека нема положено возачки испит за Б категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од струшкото село Тефериќ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 04.10.2026 на улицата „Партизанска“ во Струга, тој заедно со уште две други лица со дрвени палки нападнале 26-годишно лице од Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews