На 16 јуни во 12.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во куќа сопственост на 86 годишно лице од селото Оровник, Општина Дебрца, настанал пожар.
Во пожарот во нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
Истиот ден во 00.30 часот, во СВР Охрид лишени од слобода се 29 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј и 26 годишно лице од селото Велгошти.
При преглед претходно извршен во возило „Фиат Пунто“ во кое се превезувале, полициските службеници кај нив пронашле и одзеле опојна дрога марихуана.
На 16 јуни околу 12.30 часот, во СВР Охрид приведено е 60 годишно лице од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање по што, физички нападнал охриѓанка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












