На 23.01.2026 година во 16:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека две маскирани лица на нива лоцирана во селото Оровник, општина Дебрца, запалиле неколку бали со сено.

Ширењето на пожарот било спречено со интервенција на сопственикот на нивата. Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 23.01.2026 година во 16 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во службени простории во општина Охрид, лице од охридско село, го нарушило јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат.

На 23.01.2026 година во 20.15 часот, во куќа сопственост на 63-годишно лице, лоцирана на улица „Охридска бригада“ во Охрид, избувнал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишно лице од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“ по чл.123 од Кривичниот законик.

Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на 40-годишен возач од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews