На 02.02.2026 во 20:35 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на 39-годишно лице од истото село.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 02.02.2026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булевар „АСНОМ“ во Охрид настанал пожар во возило „опел вектра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на 57-годишно лице од Охрид.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 02.02.2026 во 21:25 часот, при контрола во патниот сообраќај на улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од Охрид.

Притоа, било констатирано дека лицето го управувал возилото иако имал изречена заштитна мерка – забрана за управување со моторното возило од Б категорија во траење од три месеци. По добиени насоки од јавен обвинител, полициските службеници го одзедоа возилото и возачките документи, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews