На 30.07.2025 во 15:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир.

Полициски службеници извршиле мерење на јачина на бучава со фонометар, при што било констатирано дека била надмината дозволената јачина. По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 29.07.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.07.2026 во 21:00 часот на улицата „Јово Стефаноски Риле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 30-годишно лице од Република Албанија.

Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По преземени мерки, исто така, било констатирано дека нелегално престојувал во Струга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.07.2026 во 15:40 часот во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Шум, лице од Струга, физички нападнал 64-годишно лице од селото Октиси.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „телесна повреда“.

Тој, во авто камп на струшкото крајбрежје, физички ја нападнал неговата девојка, која се здобила со телесни повреди, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews