На 24.12.2025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид.
Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со марихуана, кое е најдено и одземено. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
При претрес во домот и помошните простории на пријавениот, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 13 куршуми со различен калибар кои, нелегално ги поседувал по што, беше лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












