На 05.12.2025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 46-годишно лице од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички нападнал едно лице, по што, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, предизвикал вербална расправија со друго лице, двајцата од Охрид.

Во текот на службените разговори во СВР Охрид, 46-годишното лице кон полициските службеници, упатувал навреди и закани. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 05.12.2025 година во 18 часот, кај месноста „Габовци“, на крајбрежјето на Охридското Езеро, лишени од слобода се 66 и 44-годишни лица, двајцата од Охрид.

Тие претходно, од страна на рибочуварската служба се затекнати во извршување незаконит риболов и одземени им се уловот, чамец и рибарска опрема.

На 05.12.2025 година во 20:40 часот, на локален пат во близина на Вевчани, лишен од слобода е 22-годишно лице од Вевчани.

Кај него при извршен преглед, пронајдена е и одземена е опаковка со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.12.2025 година во 01:30 часот, во обложувалница лоцирана на улицата „Боро Хаџиески- Путе“ во Струга, едно лице физички нападнало друго, 44-годишно, од Струга.

Се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2025 година во 12:50 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 21-годишно лице од Струга и 18-годишно лице од селото Радолишта.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.12.2025 година во 19 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга приведенo е 43-годишно лице од Струга кој претходно неовластено снимал полициски објект, а потоа ги навредувал полициските службеници.

По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews