На 15.01.2026 во 14:40 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49-годишно лице од Охрид.

Тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 15.01.2026 во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода е 29-годишно лице од Струга, поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 15.01.2026 во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината 57-годишна жена од кичевското село Зајас.

Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews