На 07.07.2023 во 09.30 часот во СВР Охрид приведено е 65 годишно лице од охридското село Лескоец.
Тој се барал врз основа на наредба од Основниот суд во Охрид за издржување казна затвор, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор-Струга“ за издржување на казната, информираат од МВР.

Полициските службеници затекнале и санкционирале 52 возачи, кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената од кои 20 во Охрид, 14 во Струга и Кичево, додека во Дебар 4, додаваат од МВР.
OhridNews











