Вчера во 16.40 часот, на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во Охрид, приведено е 35 годишно лице од струшкото село Долно Татеши.

Тој, за време на одигрување на меѓународен фудбалски натпревар, ги навредувал и бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51 лице од охридското село Велгошти, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој, со негов автомобил „Фолксваген Туран“ со охридски регистарски ознаки, врши нелегален транспорт на патници во внатрешниот сообраќај и нема лиценца согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид.

Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа повеќе куршуми различен калибар кои, нелегално ги поседувал, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews