Приведена охриѓанка која управувала мопед под дејство на алкохол, семејни насилства, физички напади… се дел од настаните пријавени во СВР Охрид.
На 21.07.2025 во 01:45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишна жена од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди. Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 20.07.2025 година во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, лице од Охрид, во семејниот дом физички нападнал член на неговото семејство. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2025 година во 14:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од охридско село, во семејниот дом физички нападнала член на семејството. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2025 година во 10:35 часот, на улицата „Ванчо Николески“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 52, 37 и 53-годишни лица, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2025 година во 20:20 часот, на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 42 годишно лице, двајцата од Струга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2025 година во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското Eзеро, 31- годишна жена физички нападнала 45-годишна жена, двете од Скопје по што, се вклучило уште едно лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.07.2025 година во 18:30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во струшкото село Добовјани, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од две лица врз 58-годишно лице, сите од истото село. Против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews