Од СВР Охрид информираат дека денес, се случиле два инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир.
Во првиот случај, во полициската станица во Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со загрозување на сигурноста, случено во струшкото село Радолишта, извршено од страна на жена врз 19-годишно лице. Жената е приведена и по целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка е регистрирана во 01.20 часот и во Вевчани. Во тепачката учествувале две лица од Струга. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, ќе им биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews












