На 10.08.2022 година во 04 часот, во СВР Охрид приведено е 31 годишно лице од струшкото село Велешта, информираат од СВР Охрид.

При преглед извршен на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.08.2022 година во 01.30 часот, при преглед врз 42 годишно лице од Охрид, извршен на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.08.2022 година околу 02 часот, во СВР Охрид приведен е 25 годишен охриѓанец.

Тој, заедно со 24 годишно лице од скопско Ново Село, биле затекнати во патничко возило „Нисан“, со охридски регистарски ознаки, кај плажата „Магнус“ во Охрид и при извршен преглед, полициските службеници кај охриѓанецот пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

На 09.08.2022 година во СВР Охрид е приведно е 63 годишно лице од Охрид.

Тој во својот дом во Охрид, физички нападнал женски член на семејството. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews