Вчера во 15:00 часот на улицата „Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 31-годишно лице од струшкото село Велешта.
Тој претходно бил пријавен дека пред спортска обложувалница го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз 27-годишен жител од истото село. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Исто така вчера во 12:40 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници привеле 44-годишно лице од струшкото село Ливада.
Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната, соопшти портпаролот Димоски.
OhridNews












