На 21.08.2023 во 20.00 часот во охридското село Пештани, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 21.08.2023 во 22.45 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид, приведено е 44 годишно лице од Скопје.

При извршен преглед, полициските службеници, кај него била пронајдена и одземена марихуана и нож. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews