На 29.07.2023 година во 00,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, од слобода е лишено 20 годишно лице од Скопје.
При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин додека во неговото возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, пронајдена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 28.07.2023 година во 22,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, лишено од слобода е 27 годишно лице од крушевското село Борина.
При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана и кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.07.2023 година во 13 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа лоцирана на улицата „130“ во Охрид, охриѓанец физички нападнал две лица. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.07.2023 година во 23.35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во штала лоцирана во охридското село Ливоишта, сопственост на 62 годишно лице од истото село, настанал пожар.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











