На 21.11.2026 во 22:30 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 26-годишно лие од охридското село Долно Лакочереј.

При извршен преглед над него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 22.11.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 18-годишно лице од Охрид кој претходно пред угостителски објект на спортски центар во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници.

По извршено алкотестирање, кај него се констатирани 1,75 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2026 во 14:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека при одигрување на кошаркарски натпревар во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, едно лице физички го нападнал главниот судија 26-годишен од Неготино.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2026 во 13:00 часот на ул.„27 Март“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 37-годишно лице од Струга.

При извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2026 во 15:25 часот во ОВР Струга е пријавено дека во струшкото село Велешта, едно лице физички нападнал друго 57-годишно, двајцата од истото село и му го оштетил неговото патничко возило.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews