Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд кои поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува повремено силен ветер од југозападен и западен правец (над 60 km/h), а во западните делови и над 70 km/h.

Под влијание на циклонска активност, од четврток повторно ќе има врнежи. Температурите ќе бидат во опаѓање.
OhridNews











