На 28.03.2024 во 18.40 часот на улица „Махмут Рифат“ во Охрид, приведено е 57 годишно лице од Охрид.

При извршен преглед, полициски службеници кај него, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.03.2024 во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички нападнало 53 годишна жена од Охрид и ѝ одзел пари.

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица на 67 и 37 годишна возраст, двајцата од Охрид.

Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на 37 годишното лице. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews