Приведено лице во угостителски објект поради поседување на прашкаста материја.
На 02.10.2021 во 23.20 часот во угостителски објект во Охрид од полициски службеници од СВР Охрид е приведено 35 годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.
Во мединскиот центар во Охрид во два одделни случаи донесени повредени лица.
На 02.10.2021 во 20,05 часот во СВР Охрид од Медицински центар Охрид е пријавено дека кај нив бил донесен повреден 72 годишен маж од Охрид, кој бил пронајден кај кружен тек во Охрид, по што е задржан за понатамошно лекување.
На 02.10.2021 во 19,50 часот во СВР Охрид од медицински центар Охрид пријавено било дека кај нив била донесена 83 годишна жена од Охрид со повреди. Таа, според пријавеното, со повредите се здобила така што паднала во нејзиниот двор околу 18,30 часот.
Увид на лице место е извршено од страна на екипи на СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.
Поднесени кривични пријави за две лица, едно од Охрид едно од Струга поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата.
Поднесени кривични пријави против 35 годишно лице од Охрид и 35 годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. Тие биле затекнати надвор од домот без дозвола за движење за време на забрана на движење, велат од МВР.
OhridNews












