На 11.03.2025 во 23.49 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 50 годишно лице од село Мешеишта, општина Дебрца.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,53 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат од СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 11.03.2025 во 19.50 часот, во казино на улица „Партизанска“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 45 годишно лице од охридското село Лескоец. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 11.03.2025 во 19.49 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44 годишно лице од Охрид.
Тој претходно, во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Охрид агресивно се однесувал кон 76 годишно лице од Охрид, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews