На 26.06.2023 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, лице од Гостивар го нарушило јавниот ред и мир и со метален предмет нападнал 31-годишен жител на Поградец, Република Албанија.

Притоа, оштетено е возило „Голф“ сопственост на охриѓанец По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.

Ноќеска во 01,30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „7 ноември“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски ознаки. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Исто така ноќеска, во 00.45 часот, на крстосница помеѓу улиците „Живко Чинго“ и „Андреја Јованоски“ во селото Велгошти, малолетничка од истото село, управувајќи велосипед, изгубила контрола и удрила во ограда при што, се здобила со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Охрид. Во несреќата, малолетна сопатничка на велосипедот, се здобила со тешки телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

При сообраќајни контроли полициските службеници во Охрид, затекнале и санкционирале еден моторциклист кој управувал мотор под дејство на алкохол како и 3 моторциклисти кои не користеле заштитен шлем-кацига (Охрид-02, Кичево-01). Истовремено, затекнати се 51 возач кои, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-16, Струга-18, Кичево-13, Дебар-04), кои се соодветно санкционирани.

OhridNews