На 24.09.2026 во 13:55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 17-годишник од Охрид.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја и дробилка со остатоци од марихуана. Додека, при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој е приведен во полициска станица и во присуство на родител и претставници од Центар за социјални работи Охрид со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Охрид.

По целосно расчистување и документирање на случајот, посочуваат, против него ќе биде поднесена соодветна приајва.

На 25.09.2026 во 02:40 часот во СВР Охрид, 16-годишник од Прилеп, во присуство на родител, пријави дека на 24.09.2026 околу 22:30 часот во ученички дом во Охрид, каде што бил сместен, бил физички нападнат од еден цимер, исто така, малолетник.

Од СВР Охрид додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews