Во денешниот билтен на СВР Охрид пронајдена марихуана, физички нападнат малолетник, нападната девојка од Струга, казнети возачи.
На 02.02.2024 година, при претрес извршен по судска наредба во домот на 30 годишно лице од Охрид, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2024 година во 02.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект во Охрид, лица физички нападнале 17 годишно лице од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.02.2024 година во 04.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, лице од Охрид, во својот автомобил физички нападнал девојка од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.03.02.2024 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-06, Струга-03, Кичево-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид.
OhridNews