На 15.05.2026 година околу 20:55 часот, полициски службеници од ПС од НККР Струга, на ул. “Боро Хаџиески“ во Струга лишиле од слобода 39-годишно лице од Струга.

Кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 16.05.2026 во 00:30 часот во ОВР Струга, 28-годишно лице од Струга пријавило кражба во обид во неговата гаража, при што сторителот бил задржан од негова страна.

Полициски службеници од ПС ОН Струга излегле на местото на настанот и лишиле од слобода 41-годишно лице од Струга, кој со подесен предмет го скршил катинарот и влегол во гаражата, но бил затекнат од сопственикот пред да одземе предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.05.2026 во 14:20 часот во ПС Струга, 35-годишно лице од с. Шум, струшко пријавилo дека околу 12:00 часот додека неговиот 10 годишен син се движел со неколку деца од училиштето во с. Заграчани кон с. Шум, според пријавеното бил физички нападнат од 34-годишно лице од с .Шум (родител на едно од децата).

Лицето е повикано на разговор во ПС Струга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews