Кривична пријава за 47-годишен охриѓанец поради  постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес во негова продавница во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 13.203 различни видови петарди, информираат од СВР Охрид. 

Во друг одвоен случај, поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“поднесена е кривична пријава против 38 годишен охриѓанец

При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана, велат од СВР Охрид. 

OhridNews