На 31.07.2023 во 22.00 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 21 и 23 години лица, двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Истиот ден во 23.00 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Oхрид привеле 43 годишно лице од Велес.
Кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.
На 01.08.2023 во 01.05 часот на плажа на брегот на Охридското Eзеро, полициски службеници приведоа 30 годишен скопјанец.
При извршен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од Свети Николе поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, под објавен текст поставил коментар со кој промовирал или потикнувал омраза и насилство, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











