На 10.09.2026 во 23:25 часот на улица „Бекир Али Риза“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода лишија 28-годишно лице од Прилеп.
При претрес во стан во Охрид, каде што престојувал, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, грендери и други предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.
На 10.09.2026 во 17:40 часот во струшкото село Калишта, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга лишија од слобода 41-годишно лице од Скопје.
При извршен преглед кај него пронајдено е и одземено пакување со бела прашкаста материја, а во неговиот автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки пронајдено е пакување со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.09.2026 во 17:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети нападнале 32-годишно лице од Струга.
Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews











