На 15.11.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на 54-годишен жител на истото село.
Повредени лица нема, а увид на местото и подигнување на пронајдениот проектил, изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На магистралниот пат Охрид-Ресен, кај село Лескоец, вчера околу 15:10 часот патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски таблички, што го управувала 54-годишна жителка на с. Лескоец, удрило во мопед кој го управувала 53-годишна охриѓанка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачката на мопедот констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид, соопшти Димоски.
На 14.11.2025 во 16:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека при изведување градежни работи и ископ во струшкото село Калишта била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 105 милиметри.
Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид изврши екипи од СВР Охрид, информира Димоски.
OhridNews














