На 09.08.2023 година од 16 до 22 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 42 прекршоци што ги направиле мотоциклисти. Од нив во Охрид-17, Струга-15, Кичево-05 и Дебар-05, информираат од СВР Охрид.

На 10.08.2023 година во 02.40 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид приведено е 20 годишно лице од Охрид.

Тој бил агресивен кон полициските службеници кои извршувале работи од областа на безбедноста. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 10.08.2023 година во 00.50 часот на „Кеј Македонија“ во Охрид приведени се 43 годишно лице од Охрид, 43 годишно лице од селото Ботун, Општина Дебрца и 41 годишно лице од Пустец, Република Албанија.

Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна расправија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews