Вчера во периодот од 00:00 до 05:00 часот, при сообраќајна контрола на подрачјето на СВР Охрид санкционирани биле 15 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Затекнати се и 7 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Струга-4, Кичево-2, Дебар-1). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира МВР.
Исто така вчера, во 11:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба. Од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна која е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка, соопшти МВР.
Ноќеска во 01:35 часот на улица „Будва“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 27-годишен охриѓанец, а на службен разговор во полициска станица биле повикани уште две лица на возраст од 31 и 26 години. Во возилото во кое биле затекнати била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.
OhridNews
Фото: Илустрација











