На 08.08.2025 во 21:13 часот во СВР Охрид било пријавено дека на паркинг простор во туристичката населба „Св.Стефан“ во Охрид настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки во движење, управувано од 39-годишно лице од охридското село Пештани.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, соопшти СВР Охрид.
Исто така синоќа во 23:00 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга привеле 18-годишно лице од струшкото село Радолишта затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Охрид
OhridNews