На 22.12.2025 во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 53-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 65-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.

Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од струшко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што е лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews