На 04.03.2026 во 11:40 часот во СВР Охрид, 60-годишно лице од едно охридско село пријавил дека во својот дом физички со нож бил нападнат од неговиот син.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews