На 03.10.2026 во 02:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 38-годишно лице од Охрид.

Тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.10.2026 во 13:50 часот, во ОВР Струга е пријавено дека едно лице, во Центарот за социјални работи го нарушило јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон вработените.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews